ФОТО: Каролина на свадбено патување во Канада

Добивај вести на Viber

Поп-ѕвездата Каролина Гочева со својот сопруг, уметникот Михаил Корубин е на свадбено патување. Таа на својот инстаграм профил објави фотографија од Торонто, Канада. Блиски пријатели на двојката велат дека нивното патување ќе продолжи во САД. "Ги сакам патувањата затоа што преку нив откриваме нови култури. Веќе го планираме нашето следно патување кое нема да го викаме свадбено", изјави Каролина за Женски магазин пред Нова година. Таа е актуелна со хитот "Ѕвона", кој е најава за новиот албум. Со Михаил Корубин се венчаа на 23 септември лани, во еден од хангарите на воениот аеродром Стенковец . Милица Џаровска