Каролина Гочева на изложба кај сопругот: Фармерки и бела кошула доволни за да е модна кралица (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Нашата позната пејачка Каролина Гочева на својот профил на Инстаграм сподели како си поминала на исложбата на сопругот Михаил Корубин

Облечена во обична бела кошула и со широки фармерки искомбинирани со розови салонки и шарена чанта, пејачката уште еднаш покажа дека минимализмот одлично ѝ прилега.

И нејзината мајка е секогаш со највисоки оценки кога станува збор за стилот, па така не не разочара и овој пат облечена во впечатлив портокалов кошула фустан со миди должина.

На изложбата присуствуваа и многу познати јавни фаци, меѓу кои и Катарина Ивановска, Зоки Бејбе, Тамара Тодевска и многу други.