Каролина Гочева: Накитот од „Ребека“ го носам и приватно

Добивај вести на Viber

Каролина Гочева сака убав накит. Таа е заштино лице на италијанскиот бренд за накит „Ребека“ и вели дека и приватно наоѓа парчиња кои многу ѝ се допаѓаат. Минатиот месец „Ребека“ отвори своја продавница во Скопје, во ТЦ Рамстор. 

„  Од неодамна сум заштитно лице на италијанскиот бренд за накит „Ребека“ и во текот на следната година ќе ги претставувам нивните модели. Ги носам и приватно, затоа што се специфични, а во исто време ненападни, па најдов повеќе парчиња кои ми се допаѓаат. Имаат и посвечени модели на додатоци кои секако совршено би се вклопиле на некој од концертите и настапите кои ми претстојат во годината што доаѓа“, ни изјави Каролина.

Поп-ѕвездата за новогодишната ноќ нема работен анагажман, таа ќе ја помине во кругот на најблиските. Периодот што следи ќе биде активен за Каролина. 

Таа се подготвува за двата концерти во Македонската Филхармонија кои ќе се одржат на 15 и на 16 февруари. М.Џ.