Каролина Гочева во корсет и едноставен костим: Елегантна и секси
По повеќе од 15 години, Каролина Гочева сама ја испеа песната „Немир“, хит-дуетот кој пред речиси 20 години го сними со Тоше Проески. Каролина беше дел од гостите кои настапија на концертот посветен на Тоше кој се одржа во петокот, во ВИП Арената во Скопје.
Каролина е претпознатлива по својот вкус за мода, кои речиси никогаш нема модни грешки. Овојпат таа изгледаше одлично во црн костим, односно прекрасен блејзер со бели детали, под кој носеше секси корсет што го истакна нејзиното деколте.
Косата и беше врзана во ниско коњско опавче, а пејачката за оваа прилика избра минимален накит.
„ Оваа песна некако самата се наметна, беше логичен избор за мене. Многу ми е мило што ќе ја пеам „Немир“ по повеќе од 15 години. Додека ја пробував се сетив на еден куп спомени врзани за неа. Ме потсети на сите наши заеднички патувања, дружења, снимања со Тоше. И затоа ми е драго што по толку време повторно ја пеам, во една ваква, убава прилика“, ни изјави Каролина Гочева.