Каснати од куче има секој ден: Град Скопје уште ги средува „апартманите“

Речиси и да нема да помине ден во кој некој од граѓаните на главниот град не е каснат од куче скитник.

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно регистрира случаи во кои граѓаните, во локалните полициски станици пријавуваат дека биле каснати од куче скитник. Вчера каснување имало дури и од куче кое било водено на синџир, што значи дека станува збор за домашен миленик.

Ова говори дека и натаму не е решен проблемот со огромниот број кучиња скитници, кои, како што зборуваат конкретните случаи, не ретко ги напаѓаат граѓаните и внесуваат страв кај нив.

Ваквите инциденти особено се случуваат наутро, или навечер, кога во близина нема кој да им помогне на граѓаните што се нападнати од скитници. Тие, пак, најчесто можат да се забележат во големи глутници.

Кога конечно и дали Град Скопје ќе најде решение за овој голем проблем, за што беше ветувано дека ќе биде надминат уште одамна. Одоговорот и целата сторија прочитајте ја на Фактор.мк