Како Катарина Грујиќ ослабе 15 килограми без диета? Исфрли 3 намирници од исхраната и нејзиното тело се трансформираше
Кога се има силна волја и карактер, ништо не е невозможно
Познатата пејачка Катарина Грујиќ пред неколку месеци се реализираше во улога на мајка. За време на бременоста многу се здебели, па реши да им застане на пат на килограмите.
Катарина за локалните медиуми изјави дека во текот на животот секогаш била исклучително слаба и дека вишокот килограми ја оптоварува.
Покрај тоа, таа доби стотици негативни коментари и навреди на социјалните мрежи, а тоа беше уште една причина плус да реши да ослабе и да се врати на старата тежина.
Само три месеци откако стана мајка, Катарина изгледа одлично. За да постигне витка линија морала да се откаже од многу работи што ги сака, но не ѝ било тешко со оглед на тоа дека резултатите биле брзо видливи.
- Во бременоста се здебелив околу 14 килограми, што мислам дека е сосема нормално, колку и да се здебели жената во бременоста, тоа е нормално. Што и да ви се јаде, треба да јадете. Така правев и јас, но јас сум некој што сака да се храни здраво, не ми беше тешко да ослабам, бидејќи рано почнав да тренирам - изјави Катарина.
Пејачката од исхраната ја исфрли храната што ја дебелее и ја доведе својата линија до совршенство.
- Не сум поборник за диети и гладување, ни во лудило не би јадела само зелена салата по цел ден, бидејќи лошо влијае на здравјето. Исфрлив брашно, шеќер и сол бидејќи ја задржува водата и ослабев на сосема здрав начин – додаде таа.
Извор: glossy.espreso.co.rs