Веќе има рамен стомак: Катарина Грујиќ ја откри тајната на совршениот изглед по породувањето

Добивај вести на Viber

Катарина Грујиќ неодамна ја роди ќерката Катја, а сега раскажа како се снаоѓа во новата улога која ѝ ја донесе животот...

Катарина Грујиќ отсекогаш воодушевувала со својот изглед, а така е и денес, само четири месеци по породувањето.

Пејачката гостуваше во една емисија каде зборуваше за мајчинството и покажа како изгледа по породувањето.

„Јас сум новопечена мајка, бебето само што наполни четири месеци... Сѐ е во организацијата, никогаш не оди сѐ по планот. Мислам дека помошта е неопходна, бидејќи сами не можеме да постигнеме сѐ, секако тука е и кариерата, тука е семејството, да поминам некое време и со сопругот и сѐ да биде во ред со бебето, така што мислам дека помошта е неопходна. Кој и да има можност, дали можеби да плати дадилка или можеби има мајка, сестра, кој ѝ да е, треба да побара помош“ - кажа Катарина во емисијата „Магазин Ин“.

На барање на водителката, пејачката стана и на сите им ја покажа својата витка фигура, а присутните искоментираа дека стомакот не ѝ се забележува.

„Стомакот замина, го нема! Тоа е само ред, работа и дисциплина. Не велам дека секоја жена мора тоа да го прави, но јас сум таков тип. Јас сум некој кој и порано се хранеше здраво, тренирав секој ден, па зошто да не продолжам и сега? И јас пијам винце, но во теретана сум два часа“ - истакна пејачката и ја воодушеви јавноста.

Ќе ве разнежни: Првата заедничка фотографија на Катарина Грујиќ и Марко Гобељиќ со ќерката Катја