Пристигна принцезата на мама и тато: Се породи пејачката Катарина Грујиќ - прва фотка од ќеркичката
Популарната пејачка Катарина Грујиќ Гобељиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ станаа родители!
Пејачката Кача Грујиќ Гобељиќ и фудбалерот на Црвена звезда, Марко Гобељиќ денеска станаа мама и тато!
Како што првично објавија на Инстаграм нивните пријатели, Катарина роди ќерка.
- Оваа моја најдобра пријателка синоќа седеше со мене до еден по полноќ, како да не е бремена. Таа штотуку се породи и на свет ја донесе принцезата Катја. Честитки, родители. Те сакам, пресилна жено - напиша пријателката на Кача.
Гордиот татко ја објави и првата фотка од ќеркичката Катја.
- Добредојде кукло моја - напиша тој.
Како што неодамна пишуваа медиумите, Каќа ја следеше бременоста во приватна болница.
- Штом дознала дека е бремена, Катарина решила бременоста да ја води во приватна болница. Ниту една секунда не размислувала каде ќе се породи, па се одлучила за познатата болница во Белград во која отишле многу познати дами од јавниот живот на Србија. Пејачката го избрала најдобриот пакет во понуда за мајки кој чини повеќе од 4.000 евра.
извор:GLOSSY