Породувањето ќе ја чини 4.000 евра: Катарина Грујиќ брои ситно до донесувањето на бебето на свет

Добивај вести на Viber

фото:instagram

Годинава се венчаа српската пејачка Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ, а наскоро ќе се остварат во улога на родители.

Имено, Кача брои денови до породувањето, а славниот пар веќе подготвил се' за доаѓањето на нивната ќерка Катја.


Според извор близок до младата пејачка, за српски Ало, се' е подготвено, а нејзиниот сопруг Марко не штеди пари за приватна клиника во која ќе се породи Катарина.

- Штом дознала дека е бремена, Катарина решила бременоста да ја следи во приватна болница. Ниту една секунда не размислувала каде ќе се породи, па се одлучила за позната болница во Белград каде одат многу познати дами од јавниот живот во Србија – започнува извор за Ало и додава дека Гобељиќ ја избрале најскапата пакет понуда за родилки.


- Иако породувањето во оваа приватна клиника чини од 2.000 евра па нагоре, Кача се одлучи за популарниот и таканаречен сеопфатен пакет за породување, кој ќе чини нешто повеќе од 4.000 евра. Покрај тоа што ќе добие апартман со сите потребни работи, вклучително и ТВ, интернет и посебна бања, како и бокс за новороденчето во кој ќе биде само за време на престојот на клиниката, пејачката ќе има и врвна нега, како превентивни постпородилни прегледи и слично. 

Бидејќи ѝ е прва бременост, не сакала ништо да препушти на случајноста, па изворот открива дека затоа ја одбрала понудата што оваа приватна клиника ја има.

- За Кача беше исклучително важно што медицинскиот персонал ќе се грижи за неа пред и по породувањето, па во пакетот што го плати доби бабица и лекари кои ќе ѝ бидат достапни 24 часа - изјави извор, и откри дека Кача и Гобељ едвај чекаат да станат родители.

извор:zenskikutak