Каква глетка: Катарина Грујиќ покажа како го средиле дневниот престој во новиот луксузен стан од 400.000 евра (ФОТО)
Катарина Грујиќ и Марко Гобељиќ го финализираат уредувањето на нивниот нов стан од 400.000 евра и конечно се селат.
Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ конечно го завршуваат уредувањето на нивниот нов луксузен дом во Нов Белград, а пејачката воодушевено објави како напредуваат подготовките.
Кача и Гобеља се венчаа на 2 јуни во црквата Свети Сава, по што почнаа да го средуваат својот нов дом, за што, како што пишуваа српските медиуми, издвоиле 400.000 евра.
Сега покажаа како ќе изгледа дневниот престој заедно со трпезаријата.
Станот се наоѓа во облакодер во луксузна населба во Нов Белград, а во него ќе живеат со ќерката Катја која ја добија во декември минатата година.
„Новиот дом“, се пофали пејачката, која откри дека особено ја импресионира глетката во која ќе ужива секој ден.
Претходно Катарина покажа како течат подготовките за уредување на кујната, кога откри дека бојата ќе биде претежно бела. Катарина Грујиќ ја покажа кујната и се пофали со поглед кој занемува (ФОТО)