Празни и непотпишани пликоа за подарок: Катарина Грујиќ доживеала шок по свадбата која чинеше половина милион евра
фото:Youtube printscreen/TV Pink / instagram
Пејачката откри каква непријатност доживеале таа и нејзиниот сопруг.
Катарина Грујиќ и Марко Гобељиќ се венчаа пред извесно време во храмот на Свети Сава, а потоа организираа гала прослава во хотел во Белград.
Иако се поминало како што замислиле, Катарина гостувајќи во една емисија откри дека доживеале непријатност при отворањето на подароците.
Некои од гостите, дали сакале да се пошегуваат или тоа го направиле намерно, никој не знае, но им однеле празен плик, кој многу ја изненадил пејачката, но и ја изнервирал.
На прашањето кои биле најглупавите подароци што ги добиле, таа одговори:
- Знаете што е проблемот, јас не знам кој ни го донел. Дефинитивно најглупав подарок беше празен плик, а имаше и дваесетина непотпишани. Еве, најглупавиот подарок е тоа - празен плик. Добро е што имаше само еден таков - изјави пејачката во емисијата Амиџи шоу.