Животна училница // Приказни
Првиот танц на Катарина Грујиќ и Марко Гобелиќ: Како од бајка танцуваа на песна од Лепа Брена (ВИДЕО)
Свадбената веселба на пејачката и фудбалерот започна со традиционалниот романтичен танц на младенците...
Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобелиќ вчера застанаа на лудиот камен и пред Бог се заколнаа на вечна љубов во храмот „Свети Сава“.
Низ салата во која се одржуваше веселбата ечеше песната „Ја немам други дом“, која ја пее Лепа Брена, а младенците во љубовен занес танцуваа како едно.
Инаку, видео од првиот танц на Катарина и Марко беше објавено на фан страницата на Инстаграница на Урош Живковиќ.
Ова е една од најспектакуларните прослави во последно време на српската јавна сцена, тортата имала дури 15 ката, а венчаницата на пејачката чинела дури 20.000 евра.
За атмосферата беше задолжен оркестарот на Аца Софронијевиќ.