Венчаница од албански дизајнер од 20.000 евра, торта на 15 ката: Погледнете ги свадбените декорации за свадбата на Катарина Грујиќ

Добивај вести на Viber

Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ денеска, 2 јуни, прават свадбена веселба во познат хотел во Белград и се очекува вистински спектакл.

Катарина и Марко кои неодамна станаа родители, ќе се венчаат во храмот на Свети Сава, по што гостите ќе се упатат во хотелската сала, каде се ќе биде беспрекорно украсено. На гламурозната прослава гостите ќе бидат послужени со најскапите пијалоци, таа ќе промени три невестински фустани, а еден од нив е со вредност од 20.000 евра, пишува Ало.

Катарина Грујиќ повеќе не ја крие ќеркичката: Катја ја прослави титулата на Црвена Ѕвезда со својот татко (ФОТО)

За добрата забава ќе се погрижи оркестарот на Аца Софронијевиќ, но невестата очекува нејзините гости од естрадата дополнително да придонесат за атмосферата со своите гласови.

-Кача ќе се мажи во црква во раскошна долга венчаница од албанскиот дизајнер Валдрин Сахити, која чини ни помалку ни повеќе, туку 20.000 евра! Со неа ќе носи специјално направена пунџа - открил за гореспоменатиот весник извор близок на пејачката.

- После тоа ќе облече друг фустан со различен крој. Ќе биде долг и тесен, а го потпишува Хусо Чорбиќ, нејзиниот долгогодишен дизајнер од Босна - наведе изворот и додаде:

- И третиот ќе биде секси краток мини-венчален фустан, кој ќе го носи за самиот крај на забавата.

Тие избраа посебни детали кои ќе го красат дворот.

На социјалните мрежи веќе се појавија фотки од декорациите во нејзиниот дом, а судејќи по видеото што го објави нејзината сестра, во домот на Грујиќ, се е подготвено за големата прослава. Белата боја доминира, а насекаде има бели букети, бели маси, а има и бел венец кој им ја краси куќата. Очигледно е земен предвид секој детаљ и сите украси се вклопуваат со зеленилото во нејзиниот двор.

- Минатата година имавме граѓанска венчавка. Сега остана црквата и таа голема забава. Едвај чекам, подготвив три венчаници, се е готово, торта, украси... - изјави Катарина неодамна која пред некој ден имаше луксузна моминска вечер - лимузина и шампањ: Катарина Грујиќ блесна во бела тоалета со круна, а само да ѝ ги видите пријателките


извор:telegraf/GLOSSY