Луксузна моминска вечер, лимузина и шампањ: Катарина Грујиќ блесна во бела тоалета со круна, а само да ѝ ги видите пријателките
Катарина Грујиќ на
својот Инстаграм профил сподели моменти од нејзината моминска вечер
Пејачката Катарина Грујиќ со другарките ја прослави својата моминската вечер.
Каќа за оваа прилика избра бела тоалета, која ја следи линијата на нејзиното тело. Таа ги истакна облините и носеше вел и круна на главата, а сите пријателки на Каќа беа облечени во црвено.
Нејзините пријателки за таа прилика изнајмиле лимузина, со шампањ и посебно украсување.
Да потсетиме, Катарина Грујиќ и Марко Гобељиќ веќе се венчаа летово, но само пред матичар, а во меѓувреме ја добија и ќерката Катја. На општинската венчавка поканија мал број луѓе и ветија голема венчавка по црковната венчавка која ја закажаа на 2 јуни.
Судбоносно „ДА“,оваа позната двојка ќе каже пред семејството, пријателите и колегите.
Фото: Инстаграм - Катарина Грујиќ