Катарина Грујиќ повеќе не ја крие ќеркичката: Катја ја прослави титулата на Црвена Ѕвезда со својот татко (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Ќерката на Катарина Грујиќ го бодреше тато ѝ

Фудбалскиот тим на Црвена звезда, стана шампион на Србија. И тоа беше одличен ден за семејството Гобељиќ, кое синоќа во полна сила се појави на стадионот „Рајко Митиќ“.

Имено, кога беше прогласен победникот во српската Суперлига, играчите на Црвена Ѕвезда излегоа на теренот држејќи ги за рака своите деца, а меѓу нив беше и малата Катја Гобељиќ, која во раце ја носеше тато Марко.

Ќерката на Катарина Грујиќ и Марко Гобељиќ беше најмладата навивачка на српскиот суперлигаш, па ги освои сите симпатии.

Иако неодамна наполни пет месеци, на Катја воопшто не ѝ пречеа гужвите или вревата од трибините, напротив, изгледаше дека цело време ужива во тоа.


Таа, како и сите други деца, беше облечена како вистински навивач на Ѕвезда.



Фото: Инстаграм