Катарина отиде во Шведска и ја шокираа овие навики на Швеѓаните: Најмногу ја изненади правилото за стари луѓе во јавниот превоз, но и минувањето улица
Хрватката Катарина Бачурин отишла да го посети своето момче кое е на студентска размена во Шведска и била изненадена од некои од нивните животни навики. Таа сними видео за тоа и го сподели на Инстаграм, а набрзо стана вирално на нашите простори.
Имено, првото нешто што ѝ пречеше е тоа што во нивните кафулиња и барови нема келнери кои доаѓаат на маса да ве послужат, туку за секој пијалок треба да станете и сами да го нарачате.
„Во Шведска навистина ми недостига нашето редовно кафе со млеко од кафулињата, бидејќи тие го немаат тоа, имаат лате, што всушност е три капки еспресо и една шолја млеко“, објаснува Кети.
Според неа, најслично на нашето кафе е макијатото, но не секогаш го имаат во понуда. Исто така, немаат посебни машки и женски тоалети - сите се заеднички.
Исто така, оваа млада Хрватка не можела да се навикне што вратата се отвора без да ја допре рачката, туку со сензор.
„Нивните пешаци ја минуваат улицата каде сакаат, а луѓето не пуштаат музика и не лудуваат како нашите балкански возачи“, вели Катарина.
Исто така, автобусите и трамваите се точни до минута и имаат одредени места за постарите луѓе.
„Не плаќате со готовина, сè со картичка. Продавниците имаат уреди со кои скенирате сè што ќе земете, никој не ви ја проверува торбата на излезот од продавницата за да види дали сте скенирале сè. Сите играат на доверба" - објаснува Катарина Бачурин.
Тие не продаваат алкохол во нормални продавници, туку само во специјализирани продавници. Кај нив само државата има право да продава алкохол, бидејќи Швеѓаните имаа проблем со алкохолот. Во близина на продавниците има куќички каде што можете да ги оставите вашите кучиња на чување.
Извор: zena.blic.rs