Катерина Тодевска Спасиќ: Ми се оствари сонот да бидам како Тина Тарнер

Добивај вести на Viber

Новиот имиџ на водителката Катерина Тодевска Спасиќ е вистинско  освежување на тв екраните. Со години нејзин заштитен знак беше рамна коса со крмки(шишки). 

- Од мала сум сакала да имам фризура како Тина Тарнер или Витни Хјустон, веројатно тоа е сон на сите девојки со права коса. Видов на инста како една девојка овде во Скопје прави такви фризури. 

Се двоумев некое време и едно неделно утро решив, ќе одам па што сака нека биде. 

Прв пат го излажав мојот сопруг  Далибор. Му реков ќе одам на состанок во 12 часот - вели Катерина која првично не била задоволна од конечниот исход. 

- Кога се вратив дома имав афро фризура ама долга до половина. Не ми се допаѓаше.  Решив да променам нешто и сама се потстрижив.  

Му се јавив на Далибор на вибер и му реков: „спремен ли си да ме видиш“? Се израдував кога тој ми рече: „супер си“! 

Знаев дека не погрешив.

Имаше и злобни коментари како џогер, пудлица, глуварче. Ама мене ми се допадна,  си ја исполнив својата детска желба да бидам како Тина Тарнер. Нема посреќна од мене. Најважното е што мојата коса е во плетенки и на неа е шиена виткатана коса -посочува водителката на Телма телевизија. 

Неодамна започна да се емитува новиот проект ,,Никој како...,, кој го води со Ненад Ѓорѓиевски. 

- Менаџерскиот тим на мојата Телма ни дозволи мене и на Ненад да си создадеме емисија за уживање. Многу гости, забава, караоке, подароци, игри. 

Има тука и многу обврски околу гости, прашања, подготовки да не биде секој ден истото, ама ние уживаме, а се надевам дека армијата ,,Никој како... ,од ден во ден ќе расте и ќе го вратиме смеењето како нужна потреба во ова малку лудо време и богами бааги стресно. Да се смееме и пееме секој ден - посочува Тодевска Спасиќ.

С.А.Н