Кавгите сѐ почести: Меган Маркл и принцот Хари кај брачен терапевт

Доколку терапијата за парови нема ефект, бракот на војводата и војвотката од Сасекс, според мислењето на многумина, нема да трае

Гласините за брачна криза меѓу Меган Маркл и принцот Хари траат веќе некое време, но сега шпекулациите се значително засилени.

Имено, таблоидот „National Enquirer“ тврди дека принцот Хари успеал да ја убеди сопругата да оди со него на терапија за парови.

Изворот открил дека принцот Хари почнува да жали за својата одлука да започне живот во Америка, далеку од семејството. Тој се чувствува како затвореник во неговиот дом вреден 14 милиони долари во Санта Барбара.

„Тој се плаши дека направил страшна грешка, но Меган му нареди да се повлече и да ја искористи оваа можност еднаш во животот да се оддалечи од сенката на задушувачката монархија и да сврти милиони истовремено“, рече изворот, додавајќи дека кавгите меѓу војводата и војвотката од Сасекс се засилиле непосредно пред празникот кога Хари и рекол на Меган дека се чувствува носталгично.

Тој исто така и кажал дека се чувствува виновен што ги оставил баба му и дедо му, како и брат му Вилијам.

Сепак, војвотката од Сасекс навистина не се грижела, но сепак се согласила да оди на терапија за парови со нејзиниот сопруг.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Несреќата ги зближи: Кејт Мидлтон и се јавила на Меган, по нејзината исповед за губење на бебето