Кажи ми колку ме сакаш во Капитол мол на 7-ми март 2019

Добивај вести на Viber

Капитол мол по повод празникот на жената, 8-ми март, подготви специјална креативна програма за малите дечиња кои со своите рачиња треба да им покажат на нивните мајки, баби, тетки, учителки и други колку ги сакаат. Со голема палета на бои тие ќе ги исцртаат своите чувства.

На 7-ми март од 18.00 часот Капитол мол ги повикува сите да бидат дел од изворот на среќата за секоја жена. За 365 дена љубов, со 365 нијанси на бои, малите со своите раце ќе ја покажат својата љубов затоа што не е важно дали е 8-ми март или било кој ден од годината.  За оваа иницијатива од Капитол мол велат: „Сакаме сите да го почуствуваат тоа што најискрено го има во емоциите на најмалите и да ја видат на платно почитта која ја имаме сите кон жената.“ Овој настан е прекрасна можност преку креативност и разнобојност да се поттикнат децата да ги покажуваат своите чувства отворено овозможувајќи им среќен и природен развој.

Капитол мол во период од 7-ми до 10-ти март подготви и специјални изненадувања за припадничките на понежниот пол, а тимот на Kids Park & 4Bowling ќе ги израдува најмалите и најмилите со креативни работилници и многу насмевки.