Кејт исчезна без трага, а кралското семејство можеби го чека поголем пекол: На сцена сега настапуваат „омразените отпадници“

Добивај вести на Viber

Болеста на кралот Чарлс, мистеријата за тоа каде се наоѓа Кејт Мидлтон и што всушност се случило, смрт во кралското семејство, болеста на војвотката од Јорк Сара Фергусон, сето тоа се немили настани што го снашле кралското семејство во краток период од време. Сепак, според аналитичарите, вистинската криза се уште не пристигнала, туку чека на врата.

Тоа се виде и на неодамнешната комеморација на поранешниот грчки крал Константин во Виндзор, на која присуствуваше и принцот Ендру со неговата поранешна сопруга Ферги, а таму беше и кралицата Камила. Ендру е единствениот принц кому му се одземени воените улоги и јавни функции. Покрај сето тоа, тој беше во центарот на вниманието на споменатиот настан, како истакнат член на кралското семејство. Тоа што сите погледи беа вперени во него, многумина ги потсети на 2022 година кога ссамоиницијативно си зема за право да ја прошета мајка си по патеката во Вестминстерската опатија за комеморацијата на принцот Филип. Потег кој го изнервира тогашниот принц Чарлс и го налути неговиот син Вилијам.

Што се однесува до Вилијам, се уште не е јасно зошто не можел да присуствува на панихидата на својот кум – човек со кој бил близок.

Во овој виор на неизвесност, пристигна и вест дека принцот Хари го загубил спорот околу безбедносните аранжмани за неговата посета на ОК. Се чини дека секој ден носи повеќе лоши вести за кралското семејство. Трагичната и неочекувана смрт на зетот на принцезата Мајкл од Кент, Томас Кингстон, само ја надополни таа мрачна атмосфера.

Гледајќи го остатокот од првото семејство во Виндзор оваа недела, беше невозможно да не се забележи кој останал зад себе. Принцезата Ана, се разбира, останува столб на семејството. Но, и покрај сета нејзина желба, таа има 73 години. Другите членови на кралското семејство што се гледаат на комеморацијата се уште постари - војводата од Глостер има 79 години, изнемоштениот војвода од Кент има 88 години и неговата сестра во инвалидска количка, принцезата Александра има 87 години. Тие, заедно со принцот Едвард и Софи, кои не беа присутни на богослужбата, се актуелните јавни лица на кралското семејство.

Што се однесува до Хари, неговите тврдења дека се понудил да „помогне“ со преземање на некои кралски должности додека неговиот татко се лекува од рак сега изгледаат помалку веројатни.

Неизвесноста се појави откако беше откриена дијагнозата на кралот, како и здравствените проблеми на принцезата од Велс. Кејт Мидлтон не е виден од Божиќ, а кога Вилијам не се појави на комеморацијата на својот кум, каде што требаше да и се обрати на јавноста, почнаа шпекулациите дека најверојатно тоа се должи на здравствените проблеми на неговата сопруга. Од палатата одбија да кажат дали неговото отсуство има врска со Кејт Мидлтон.

Се разбира, Вилијам има право да не споделува лични информации со медиумите или јавноста, но молкот е „шлаг на тортата“ за теоретичарите на заговор.

Постои убедлив аргумент дека како шеф на државата, кралот не е строго приватно лице и дека јавноста има право да знае за која било негова болест, како што е случајот во САД или Франција.

Многумина сугерираат дека тоа треба да важи и за престолонаследникот. Постои очекување од даночните обврзници, кои го финансираат привилегираниот начин на живот на кралското семејство, дека имаат право да знаат не само кога се случуваат работите со монархијата, туку и кога се случуваат работите во животот на кралското семејство.

Во моментов, јавноста многу малку знае. Не знаејќи колку точно е болен кралот, никој не знае ништо за здравјето на Кејт, освен дека таа направила „планирана операција на абдоменот“. Според сето ова, се чини дека стабилноста на кралското семејство одеднаш е загрозена. Членовите на кралското семејство никогаш не биле во толкава неволја во исто време, пишува Daily Mail.

Кога сме кај кралицата, Камила оваа година полни 77 години и прашањето е колку долго може да издржи? Нема Чарлс, Кејт, Вилијам и Хари - не е ни чудо што изгледаше уморно, пишуваат локалните медиуми.

Она што е уште понеобично е што се чини дека целата должност падна на истата жена која некогаш се сметаше за закана за монархијата, а сега се чини дека Камила е спасителката на монархијата.