Кејт Мидлтон го украде кутниот стил на принцезата Дијана и блескаше со елеганција: Овој дезен никогаш нема да излезе од мода
Познато е дека Кејт Милдтон често го копира стилот на принцезата Дијана, но тоа никогаш не го направила на толку убав начин како пред два дена во Виндзор, каде што беше организирана церемонијата на богослужбата на Garter Day. Во исто време, таа многу директно го пресоздаде она што го носеше Лејди Ди во 1988 година. Новото модно издание на принцезата од Велс е доказ за нејзината умешност, но и за модното знаење на мајката на Вилијам и Хари.
Она што Дијана го носеше во 1988 година и денес е многу модерно. Во јуни 1988 година, на настанот Royal Ascot, Лејди Ди носеше лелеав фустан со точки од Victor Edelstien Model, кој го комбинираше со познатите сандали на Мери Џејн, а Кејт Милдтон вчера прошета во речиси идентичен аутфит.
Принцезата од Велс се појави во фустан на Алесандра Рич кој неодоливо потсетува на фустанот на Дијана. Шапката не можеше да изостане, а Кејт си најде моден додаток во модната куќа „Филип Трејси“. Таа минатата година се претстави во слично издание, но вчера смисли уште подобар стајлинг.
Кејт е беспрекорен моден дипломат, знае да покаже почит и кон Дијана и кон кралицата Елизабета Втора, но и кон кралицата Камила преку начинот на кој се облекува.
Фото и Видео: Youtube/Инстаграм
Овој фустан ќе биде хит летово: Кејт Мидлтон воодушеви со интересен дизајн кој ги освои сите