Кејт Мидлтон објави невидена фотографија од нејзиното детство: Принцезата има две години и сите велат дека принцот Луис е нејзина копија

Добивај вести на Viber

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од нејзиното детство. Сликата е направена на Божиќ 1983 година, две недели откако таа наполнила две години на 9 јануари 1984 година. Поводот бил многу важен, а многумина коментираа дека на фотографијата се гледа дека нејзиниот помал син Луис многу личи на неа.

View this post on Instagram

A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)


Принцезата од Велс Кејт Мидлтон ја објави оваа фотографија како дел од кампањата за подигање на свеста за раниот детски развој Shaping Us. Таа посвети една година на оваа кауза и кампањата беше инспирација за годишниот божиќен концерт што се одржа на почетокот на овој месец во Вестминстерската опатија во Лондон, каде што беше со нејзиниот сопруг принцот Вилијам и нивните деца Луис, Шарлот и Џорџ.

Луис, кој има пет години, направи своевидно шоу на настанот кога ги дуваше свеќите кои се чуваат запалени за време на божиќните песни.

Многумина велат дека Луис е копија на неговата мајак, а многу често се коментира на кого личат децата на славниот пар. Шарлот најчесто ја споредуваат со кралицата Елизабета Втора, но и со нејзиниот татко Вилијам. Се вели дека Џорџ ги наследил повеќето семејни гени на баба му Дијана, а се вели дека помладиот принц неверојатно личи на Мидлтонови уште од неговото раѓање.

Фото: Инстаграм
Извор: zena.blic.rs