„Кејт Мидлтон тајно разговара со Хари доцна во ноќта, знам зошто“: Се појавија детали кои може дополнително да ги нарушат и онака заладените односи во кралското семејство

Добивај вести на Viber

Фото: youtube printscreen Today/Kate Middleton Turns 40: A Look At The Duchess' Royal Evolution


Кејт Мидлтон (41) доцна во ноќта му се јавила на својот девер, принцот Хари (38), што било „љубезен гест“ со цел да се поправат неговите нарушени односи со кралското семејство, пишува британски „Closer Weekly“

„Кејт е во контакт со Хари веќе некое време за да му каже да ја држи главата горе и да не се грижи премногу за привремените неуспеси со кои се соочува“, тврдеше неидентификуван извор минатата недела.

Изворот исто така потврди дека и покрај семејните несогласувања, врската меѓу Кејт Мидлтон и принцот Хари „останала недопрена“. „Моментално ѝ е многу жал за него. Многу е тешко тоа низ што минува и ја трогна - особено што неговото судење се одвива во близина на нивниот дом“, продолжи изворот.

Да потсетиме дека Хари во јуни беше во Лондон за да сведочи против британскиот весник „Дејли Мирор“, кој го обвини дека неговите новинари му го хакирале телефонот пред неколку години.

Хари и неговата сопруга Меган Маркл (42) доживеаја голем број разочарувања во последните месеци, вклучително и прекин на соработката со „Spotify“ откако потпишаа договор во 2020 година вреден 20 милиони долари. Односот на Хари со неговото семејство е затегнат со години, особено откако во јануари ги објави своите мемоари „Spare“ во кои го нарече својот брат, принцот Вилијам, „главен непријател“.

Минатата година, Меган и Хари објавија документарна серија на Нетфликс во која детално објаснуваат зошто решиле да се повлечат од кралските должности во 2020 година.

Според изворот на „Closer Weekly“, иако Кејт му пружила рака за мир на Хари, тоа не значи дека нејзиниот сопруг принцот Вилијам е подготвен да се смири со својот брат.

„Очигледно е многу чувствителна и деликатна ситуација меѓу многу други високи членови на кралското семејство, особено Вилијам, кој многу јасно стави до знаење дека сè уште не е подготвен да преговара со Хари за помирување или да има какви било дискусии за тоа“, објасни изворот. 

„Кејт сака да одржува комуникација и да го отвори патот за долгорочен мир со целото семејство - вклучувајќи го и Вилијам“, заклучил изворот, истакнувајќи дека Кејт сака Хари да знае дека има луѓе кои се грижат за него.

Извор: zena.blic.rs