Кејт Мидлтон во црвено го „запали“ Интернет: Оваа комбинација за 1 час стана планетарен тренд

Добивај вести на Viber

Впечатливиот црвен сет што Кејт Мидлтон го избра ќе ве воодушеви и вас!

Кејт Мидлтон е позната по својот пристоен стил и затоа сигурно за оваа нејзина модна комбинација сигурно ќе се зборува долго време. Изгледаше крајно забележливо!

На хуманитарниот собир посветен на проблемите на зависност, војвотката од Кембриџ се појави во црвено од глава до пети. Во совршена комбинација на плисирано црвено здолниште и црвена ролка.


Изненадувачкиот „огнен“ изглед на убавата Кејт е најмногу „зачинет“ по изборот на чанта. Најчесто ја гледаме како носи плик чанта, која обично ја држи со двете раце, а сите велат дека тоа е дворјанска женска цака со која дамите избегнуваат несакани ракувања. Исто така, нејзините чанти обично имаат класичен, неутрален изглед, па затоа е интересен моделот што го избрала за овој нејзин изглед.


Станува збор за исклучително модерна „микро“ чанта од модната куќа Демелија, во  „камила“ боја, усогласена со салоните на високи потпетици на брендот „Ралф Лорен“. Со новата фризура, Кејт навистина изгледа подобро, но и помодерно од кога било досега.


Фото: Инстаграм

Кејт Мидлтон воодушеви на црвениот тепих: Војвотката изгледа заносно во гламурозен фустан со златни светки