Кејт Мидлтон во патиките од 1.600 денари кои ги има од 2016 година: Уште три пара обувки кои „штедливата војвотка“ ги носи дури и по 20 години
фото:Profimedia
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон моментално се на официјална турнеја на Карибите, Бахамите и Јамајка, а модните списанија и критичарите од ден на ден внимателно го следат стилот на војвотката од Кембриџ... Вистинско задоволство е да се следат нејзините нови комбинации.
Покрај гламурозните, женствени изданија, Кејт на оваа турнеја ја видовме и во неколку опуштени комбинации, а во очи ни падна тоа што носеше патики кои ги има од 2016-та година.
Имено, војвотката го посети археолошкиот локалитет Маја во лежерно, спортско издание, комбинирајќи зелени, тесни панталони и обична, памучна маичка во бела боја, и бели, платнени патики од брендот Суперга.
Цената на овој модел се движи од 1.600 денари до 6.000 денари, во зависност од бојата, ѓоновите и разните детали, а интересно е што Кејт со години ги има во својот гардеробер - првпат ги носела во 2016 година при посетата на Канада.
Секако, ова не е единствениот модел на обувки што славната Британка одвреме-навреме со години го чува и го носи, па така на почетокот на месецов низ Лондон прошета во црни превртени кожени чизми на дебела штикла кои ги има 11 години и ги носеше на нејзиниот прв настан во јавноста.
Друг модел на обувки што Кејт не го соблекува буквално со години се црните салонки со дебели потпетици, кои се докажан избор за „штедливата војвотка“. Не се сомневаме дека се удобни, а одлично одат со се – капути, женски фустани, деловни, елегантни панталони, лелеави здолништа...
Но, дека Кејт навистина нема проблем да носи стари чевли, и дека квалитетниот чевел може да трае вечно, докажуваат нејзините кожени кафени чизми до колена кои ги има веќе 20 години! Станува збор за рамен модел на брендот Пенелопе Чилверс, кои се рачно изработени и чинат 695 долари, а војвотката за прв пат ги покажа во јавност во 2004 година, а оттогаш ги носи во безброј прилики.
извор:zena.blicфото:profimedia