Моден фокус // Трендови
Кејт Мидлтон никогаш не изгледала подобро: Во бојата на сезоната (ФОТО)
Фото: Profimedia
Војвотката од Кембриџ вчера имаше посебна задача - таа ги врачи наградите на кралицата Елизабета Втора на најдобрите британски модни дизајнери.
Кејт Мидлтон и овојпат остана верна на својот препознатлив класичен стил, но повторно, благодарение на кројот и бојата на фустанот, изгледаше многу шик.
Таа избра прекрасен, малку лелеав фустан во смарагдно зелена боја со потпис на дизајнерката Еделаин Ли, чија цена е 785 фунти.
Овој елегантен фустан до колена ја истакна витката фигура на Кејт, а украсен е и со машнички на ракавите и ремен со златна тока околу половината.
Војвотката го надополни со темнозелени салони од превртена кожа и чанта со истата нијанса, како и прекрасни златни обетки.
Извор: stil.kurir.rs