Кетрин Зета Џонс го спореди сопругот со „Шанел“ чанта: Даваш цело богатство на неа, а потоа повеќе не ти се ни допаѓа

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас се во брак 22 години.

Кетрин Зета Џонс (53) и Мајкл Даглас (78) се запознале во 1998 година, а од 18 ноември 2000 година се во среќен брак и имаат две деца, синот Дилан и ќерката Кеирис.


Познатиот актерски пар е роден на ист ден, 25 септември, со разлика од 25 години.


Фактот дека Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас накратко раскинаа во 2013 година по неговата битка со ракот на јазикот и нејзината дијагноза на биполарно растројство, исто така, покажува дека работите не одат секогаш како што треба.

Набрзо сфатиле дека не можат еден без друг, па се помириле следната година. Актерката зборуваше за различните превирања и фази во нејзиниот брак во најновото интервју за британски Телеграф. 

- Невозможно е да поминете без подеми и падови ако живеете со иста личност и се будите со неа секој ден. Се будам со Мајк скоро 25 години. Обожавам да сум мажена, но кога ќе размислите, тоа е лудост – изјави актерката.

View this post on Instagram

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones)


Кетрин во оваа прилика го спореди сопругот со моден додаток, што ги изненади сите.

- Ќе се омажиш ли за мене? Секако! Но, тогаш размислувате за него како за „Шанел“ чанта на која сте потрошиле цело богатство, а всушност веќе не ви се допаѓа, па ја нудите на понатамошна продажба – вели актерката.

И покрај турбулентниот однос со подеми и падови, актерката истакнува дека таа и Мајкл всушност имаат многу добар брак, дека многу се почитуваат и дека никогаш немала проблем што тој е 25 години постар од неа.

- Се сеќавам кога луѓето велеа дека кога ќе имам 50 години, тој ќе има 75, но тоа е само математика - вели познатата актерка.

извор:GLOSSY