Киан полни 1 годинка: Антониа Гиговска конечно го покажа синот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Порасна синчето на пејачката Антониа Гиговска и музичарот Роберт.

Малиот Киан денеска слави роденден. Полни една година а по тој повод Антониа на социјалните мрежи напиша честитка и за прв пат го покажа детето во ликот.

„Дете мое. Нашиот Киан денес полни 1 годинка...За нас најубава годинка, не знам што би правеле да не си ТИ.

Мама и тато те сакаат најмногу на цел свет. Биди ни секогаш вака среќен и насмеан.


Судејќи според фотографиите малиот Киан наликува и на двајцата родители, а очигледно уште од мал трегнува по нивни стапки со микрофонот во раце.
Среќен роденден Киан .


Фото: Фејсбук