Ким Кардашијан лансираше бизарно модно парче за плажа: Дали нормална жена би го носела ова на море? (ФОТО)
Токму кога мислевме дека ништо повеќе не може да не' изненади од Ким Кардашијан, доаѓа моден додаток кој познатата старлета го рекламира, а во основа е бесмислен.
Имено, старлетата Ким Кардашијан во својата колекција за на плажа, освен костими за капење, продава и ракавици за капење кои се долги до лактите и чинат 48 долари.
Може да се најдат во седум различни бои, големините се движат од XXS до 4XL, а ракавиците се направени во беж, црни, кафеави, бели, па дури и розови нијанси.
Иако продажбата оди добро, многумина не се ентузијасти бидејќи не само што е непотребен додаток, туку е и непрактичен, па поради нивното носење на море би можеле да ви останат траги при сончање.
Што мислите за овој моден детал? Споделете со нас во коментарите, би сакале да слушнеме што мислите.
извор:stil.kurir