Кинески астролози тврдат: Овие знаци во МАРТ ќе имаат најмногу пари, среќата ќе ги следи на секој чекор
Кинеските астролози велат дека март ќе биде доста стабилен и без пресврти на судбината за повеќето хороскопски знаци
Сепак, овој месец ќе биде идеален за правење планови за иднината, а кога се во прашање финансиите, за некои ќе биде особено корисен. Според кинескиот хороскоп, трите знаци ќе бидат придружени со неверојатна среќа на ова поле.
Тигар (1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010 година)
Во последно време беше прилично тешко за Тигрите. Неколку месеци се трупаа нерешени проблеми, кои ја нарушија нивната финансиска стабилност. Сепак, од 12 март ѕвездите ќе им бидат наклонети, а среќата ќе ги следи во секоја работа. Во рок од еден месец, Тигрите можат да добијат унапредување, одлична понуда за работа или дури и нов извор на приход.
Коњ (1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014 година)
Луѓето родени во знакот на Коњот се родени како работохоличари, па не е изненадување што нивната напорна работа конечно ќе се исплати. Во март ги очекува нов пресврт во кариерата и бизнисот кој ќе обезбеди голем прилив на пари и напредок. Ѕвездите ќе бидат во нивна корист до средината на мај, па астролозите советуваат максимално да го искористите овој период.
Свиња
(1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019 година)
Астролозите велат дека ако во вашето семејство имате некој кој е роден во овој знак, никогаш нема да морате да се плашите од сиромаштија. Иако понекогаш свињите се соочуваат со проблеми и тешкотии, порано или подоцна среќата секогаш ги следи. Од 12 март можат да го очекуваат само најдоброто, а финансиската состојба значително ќе им се подобри. Не се исклучени нови извори на приходи, потпишување големи договори и понуди за работа.