Кинескиот хороскоп го открива најсреќниот ден: Вакво нешто ретко се случува, искористете ја шансата!

Секој ден има одредени карактеристики поврзани со среќата според кинескиот хороскоп. Оваа недела, еден ден е најсреќен!

Првиот јули ќе биде посебен ден според кинескиот календар, за сите знаци на кинескиот хороскоп.

Традиционално, деновите во кинескиот лунарен календар се поделени на оние што носат добра енергија и оние кои носат лоша. Кинеските астролози секогаш даваат прогнози за секој ден во форма на тоа што треба да се направи тој ден, и што воопшто не треба да се прави, бидејќи ѕвездите велат дека нема да заврши добро.

Првиот ден од јули ќе биде поволен за сите знаци ако планираат нови почетоци. Овие можат да бидат нови проекти, поставување основа за куќа, реновирање, започнување нов бизнис или купување.

Исто така, првиот ден од јули ќе биде одличен ден за нешто што го правиме за прв пат. Ако садите ново растение, внесувате ново парче мебел во вашиот животен простор или купувате милениче, 1 јули е ден што носи среќа.

Необично е што не постои „негативна“ прогноза за 1 јули 2021 година, односно тоа е еден од ретките денови кога кинеските астролози немаат предупредување дека нешто не треба да се прави.

Но, тие имаат совети за тоа кога да започнат нови проекти! Добрите периоди на овој ден ќе бидат од седум до 11 часот наутро, а потоа и од 15 до 19 часот. Вечерта е добар период од 21 до 23 часот.

Кинескиот хороскоп предвидува дека периоди во текот на денот кои не се добри за нови почетоци изгледаат вака - од пет до седум наутро, од 11 до 15 часот и од 19 до 21 часот.



Foto:Printskrin/ YOUTUBE/HBOMAX