Ќе ги носите или ќе се згрозите од нив: И Хајди Клум ги носи вртоглаво скапите фармерки кои ги има и Џенифер Лопез (ФОТО)
фото:PROFIMEDIA
Истиот необичен модел - на два спротивни начини! Удобни ЛЕТНИ Фармерки кои ги маѓепсаа Џеј Ло и Хајди Клум
Иако овие познати дами немаат исти стил на облекување, латино дивата и германскиот модел едноставно не можае да одолеат на ова парче фармерки.
Станува збор за модел на фармерки кој предизвика жестока дискусија на Интернет кога за прв пат ги облече Џенифер Лопез.
Ова се фармерките со потпис на Том Форд, предимензионирани тексас панталони кои изгледаат како да се составени од неколку различни видови фармерки. За нив треба да се издвојат нешто повеќе од 2.650 долари, но ширум светот има најразлични модели кои се инспирирани од овие фармерки.
Џенифер Лопез во нив беше видена во два наврати на почетокот на 2021 година. И двата пати ги носеше необичните панталони од Том Форд со високи потпетици и обични маици.
Германската манекенка Хајди Клум, пак, решила оваа лето да го носи овој модел, на типичен летен начин!
Таа пред неколку дена беше видена во Њујорк во овие фармерки, а ги комбинираше со лесна тексас кошула и удобни рамни влечки за секој ден.
Ова не е прв пат Хајди да ги носи овие панталони.
Меѓутоа многумина се прашуваат дали фармерките воопшто изгледаат колку што вредат?!
И додека едни се прашуваат зошто воопшто некој би купил вакви фармерки, за други, истите се апсолутен хит.Што мислите вие? Би ги носеле ли?
фотографии:PROFIMEDIA
Моден неуспех: Џенифер Лопез покажа како можете да уништите совршен летен стајлинг со обувки (ФОТО)