ЌЕ ГО ДОБЛИЖИМЕ ОХРИД ДО СВЕТОТ: Ѓоко Танески на трибјут концерт за „Пинк Флојд“

Добивај вести на Viber

Во чест на култните рокери со кои што израснал, поп-пејачот Ѓоко Танески ќе биде дел од екипата која ќе одржи концерт наречен „Трибјут на Пинк Флојд“.  Концертот е закажан за 26 јули во родниот град на Танески, Охрид, на сцената на Долни Сарај.

 „ Концертот е премиера на проектот „НАМБ Трибјут“, кон неповторливата музика на еден од најголемите и највлијателните рок-бендови воопшто во музичката историја. Заедно со уште неколку мои драги колеги, ќе испееме 16 безвременски хитови на „Пинк Флојд“. Со овој настан, ќе го го доближиме Охрид до светот. Во сите поголеми градови и туристички места, одлично поминуваат концерти посветени на легендарните музичари“, ни изјави Ѓоко Танески. По подолго време, овој настап е негово враќање на музичката сцена. 

Во единаесетчлената екипа која ќе настапува на концертот, освен Ѓоко Танески се и:  Анатоли Aрнаудоски, Димитри Алчев, Владимир Кречоски, Ѓорѓи Калајџиевски, Никола Јосифоски и Горан Папаз. 

„ Мило ми е што со токму ваков проект се враќам на сцената“, додаде Ѓоко, кој во Охрид живее со сопругата Розе и ќерките Анастасија и Михаела. (М.Џ.)