Ќе паднете од стол кога ќе ја слушнете сумата: Адел на новиот сопруг му барала да потпише предбрачен договор-а еве и зошто!
Таа го потврди бракот со спортскиот агент гостувајќи во хумористична емисија
Адел наводно го потврдила бракот со спортскиот агент Рич Пол. Се шпекулираше дека парот тајно стапнал на лудиот камен минатата година.
Адел ги подгреа овие гласини кога неодамна го нарече Рич свој „сопруг“.
Пејачката Адел повторно и „тајно“ стапна на лудиот камен . Таа го потврди бракот со спортскиот агент Рич Пол додека гостуваше во хумористичкото шоу на нејзиниот најдобар пријател Алан Кар.
Сега кога „тајната“ венчавка на пејачката Адел и Рич Пол повеќе не е тајна, почнаа гласини околу големиот ден на парот.
Како што пишува британски Дејли Мејл, популарната пејачка решила да го осигура своето богатство кое изнесува над 220 милиони долари. Таа му понудила на сопругот да потпише предбрачен договор пред брак.
Како што пишуваат странските медиуми, пријателите биле тие кои ја поттикнале Адел да склучи предбрачен договор, бидејќи таа веќе еднаш се развела и би било паметно да си го осигура имотот, за секој случај.
Заработила вртоглава сума од продажбата на четири албуми, а згора на се сума од 34 милиони долари кои ги заработила со дигитална продажба .
Парите само доаѓаат
Бидејќи Адел работи напорно, нејзиното богатство дополнително ќе се зголемува. Проектот во Лас Вегас се предвидува да и донесе 2 милиони долари бруто по настап, што значи дека ако пејачката добие половина од тој приход, би требало да заработи 13 милиони долари. Тоа би било и најмногу што некој уметник заработил по шоу во историјата на Вегас.
Тоа не е се...
Покрај тоа, Адел поседува неколку куќи, а нејзините главни резиденции се имот вреден 11 милиони долари во Англија и имот од 10,5 милиони долари во Калифорнија, во Беверли Хилс.
Покрај тоа, таа поседува и две куќи во Лондон, кои се проценети на 14 милиони долари.
Во 2016 година купила куќа вредна 9,5 милиони долари, а во декември 2021 година го купила замокот на Силвестер Сталоне во Лос Анџелес за 58 милиони долари.
ФОТО: Printscreen/jutjub/Adele