Ќе патуваат на Месечината: Жени научници водат три оддели на НАСА

Кога следниот ровер со величина на автомобил ќе слета на Марс во 2020-та година, физичарката Лори Глазе ќе биде главна на мисијата. Таа ја води дивизијата на НАСА за планетарни научни знаења. Меѓутоа не е единствена. За прв пат во историјата три од четири научни девизии моментално ги водат жени.

- Горд сум што ситуацијата е таква. Ќе ги поттикнат и следните герерации на жени да станат носители во истражувањето на универзумот додека напредуваме во праќањето на првите жени на Месечината- изјави Томас Зурбукен од НАСА.

Ако НАСА биде во можност да ја исполни својата амбициозна, но се уште нефинанисрана директива на претседателот Доналд Трамп, САД да се врати на Месечината до 2014-та година, НАСА вети дека првите жени ќе слетаат на Месечината.

Најновата класа брои дваесет астронаути од кои пет се жени. Иако, тие никогаш досега не воделе цела агенција и не биле НАСА администратори, НАСА  е водечка во препознавањето на женските способности и знаењето во подрачјето на науката.

Сандра Кауфман е извршна директорка во одделот на наука за Земјата. Тој оддел станува се поважен со промените кои и се случуваат на нашата планета.

Никола Фокс е директорка за девизија за хелиофизика. Тоа е тешка задача. НАСА е во средина на мисија која е клучна за разбирањето како сончевото зрачење ќе влијае врз нашите животи, комуникација, електрични мрежи, сателити, астронаути и универзум.

Лори Глазе води дивизија која истражува други светови како Марс, Јупитер итн. Тој оддел се занимава со постоење на живот во универзумот.