„Ќе пијам лекови додека сум жива, мојата болест е неизлечива“: Сања Вучиќ си ја отвори душата
На пејачката Сања Вучиќ пред неколку години и беше дијагностициран синдромот Хашимото, кој често предизвикува промени во расположението и замор.
Таа не дозволи овој здравствен проблем да ја победи, и веднаш се посвети на терапијата.
- Жал ми е што Хашимото се претставува како нешто несериозно, а всушност тој е состојба со која може да се живее доста добро. Најнепријатно, всушност, е фактот дека треба да земате терапија додека сте живи, но ако луѓето пијат кафе секое утро, зошто не би зела јас една таблета половина час пред појадок? Едноставно кажано, кога доживувате стрес или сте нервозни подолго време, а можно е и имунитетот да „забави“, во организмот почнуваат да се формираат антитела кои ја сметаат тироидната жлезда како непријател. Таа „армија на антитела“ се обидува да ја уништи, не знаејќи дека е витален дел од организмот. Кога постои значителна закана, престанува да лачи хормони, па затоа хипофизата го предупредува телото дека нешто не е во ред. Веќе создадените антитела не можат да исчезнат, но може да ги намалите со пиење хормони кои, ако сè беше во ред, ќе ги произведуваше тироидната жлезда. Затоа зборуваме за неизлечива состојба.
Кога пред четири години ѝ бил дијагностициран Хашимото, понекогаш била толку уморна што повеќе не би станала од кревет. Сепак, главниот знак дека нешто не е во ред биле драматичните промени во расположението.
„Бев многу несреќна иако во основа бев задоволна во сите области од животот. Мислев дека психата е главниот виновник што се чувствувам физички лошо, но ситуацијата беше обратна. Ми пречеше што бев толку раздразлива, што секоја ситница можеше да ме изнервира. Инаку не сум таква. Мислев дека има проблем со женските хормони, па прво побарав решение кај гинеколог. За среќа, таа знаеше за што зборувам поради сопственото искуство, па ми предложи да ја проверам тироидната жлезда“, откри таа.