Ќе се исполни ли прогнозата на Филипче: Колективен имунитет до крајот на летото

Добивај вести на Viber

До крајот на летото Македонија очекува колективен имунитет.

Ова е прогнозата на првиот човек на здравството Венко Филипче.

Ова прогнозирање на министерот може да се оствари ако земеме предвид дека е во ек масовна имунизација.

И покрај тоа , Венко Филипче повикува граѓаните да се вакцинираат.

Досега 279.909 граѓани се пријавиле за вакцина а месецов се очекуваат и голем број на дози вакцини.

Надеж во целата приказна е сепак падот кој го бележат службите за заразени со ковид19.

Изминатите 24 часа се регистрирани 135 нови случаи на направени безмалку 2000 тестирања.