Ќе ве вработат за миг ако го имате овие вештини што се учат брзо и бесплатно!

Добивај вести на Viber

Не прави многу изговори за стекнување нови знаења. Побарај интернет курсеви кои обично не се скапи и со кои ќе ги совладаш овие неколку корисни и важни вештини за да можеш да ги ставиш во твоето CV.

1. Excel

Microsoft Excel е полн со корисни алатки за кои веројатно не знаеше дека постоеле. Постојат онлајн курсеви за да ти помогнат да му пристапиш на проблемот и да го решиш со Excel.

2. Email маркетинг

Email -от не е мртов. Напротив, како што е прикажано од страна на успешни примери на компании, ова е ефективен канал за комуникација со твоите соработници и клиенти, под услов да се користи правилно. Научи како да ја користиш една од најпопуларните платформи, MailChimp.

3. Google Analytics

За работодавците кои имаат силен онлајн бизнис, користењето на Google Analytics е неизбежно. Оваа услуга им овозможува да ги анализираат посетителите следејќи ги нивните активности и многу повеќе од тоа. Добро совладај го Google Analytics и ќе можеш да дадеш многу корисни совети за секој онлајн бизнис.

4. Јавен настап и вештини за презентирање

Преттавувањето на она што го правиш е исто толку важно колку и она што правиш. Да ги совладаш твоите комуникациски вештини и да научиш да искористиш во целост се што нуди PowerPoint и Keynote.