Ќерката на Горан Пандев денес слави роденден: Од тато го доби најубавиот подарок

Откако македонската репрезентација вчера испиша историја, обезбедувајќи пласман на Европското Првенство, еуфоријата и денес трае.
А покрај тоа, Пандев денес има уште една причина за славење. На денешен ден е родена неговата ќерка Ана.

Ана денес слави роденден и си доби најубав подарок - благодарение на голот на нејзиниот татко, великанот Пандев, Македонија следната година оди на Европско Првенство во фудбал. Тоа беше најголмата желба на Горан уште од детство. А веруваме за Ана, која денес полни 9 години, овој историски подвиг на татко ѝ, е најголемиот и најубавиот подарок.

  

Инаку Горан и Надица се родители на три деца, Филипо, Ана и малата Софија.

Надица и Горан


Филипо и Ана


Софија