Ќерката на Кеба го смени личниот опис: Наташа Којиќ Таша не личи на себе - имала неколку операции?

Таа беше популарна во 2001 година, а потоа се повлече од музичката сцена

Наташа Којиќ, ќерката на пејачот Драган Којиќ Кеба, со години живее во Америка каде моментално работи и не мисли да се врати во Србија. Публиката ја памети како бушава русокоса, меѓутоа по нејзиниот настап на „Безовизија“ во 2001 година, многу се променила.

Завршила средно музичко училиште, а потоа и музичка академија и решила да ги живее своите соништа во земјата на шоу-бизнисот. Дипломирала и на Музичкиот колеџ Беркли, а покрај студирањето музика, се испробала и во светот на глумата.

View this post on Instagram

A post shared by  (@natashakeymusic)


Наташа успеа да добие помала улога и играше покрај Леонардо ди Каприо во филмот „Волкот од Волстрит“.


Којиќ е многу активна на социјалните мрежи, па често објавува свои фотографии, а на многумина им е тешко да ја препознаат. Имено, таа денес изгледа сосема поинаку отколку кога беше на почетокот на кариерата.

View this post on Instagram

A post shared by  (@natashakeymusic)


Русата коса по која беше препознатлива ја замени со кафена, а дополнително ги коригирала усните. Додека, многумина тврдат дека Наташа имала уште неколку интервенции на лицето.


Фото: Инстаграм
Фото насловна: Printscreen