Ќерката на Маријана ќе се мажи, Росана од Македонија порача: Во исто време чувствувам радост и тага
Семејството на пејачката Маријана Новачевска ќе се подготвува за големо славје. Нејзината ќерка, Магдалена ќе застане на лудиот камен со своето момче Ерик. Среќните вести ги објави Маријана, заедно со фотографиите од запросувањето на нејзината ќерка, со која живеат во Австралија.
Исто така радоста не ја криеше нито гордата тетка Росана Сариќ Тодоровска, која од Скопје прослави за убавите вести. Таа на својот Фејбук профил сподели емотивен статус во кој им посака среќа на Магдалена и Ерин, но и во кој посочи дека во исто време се чувствува и среќно и тажно, бидејќи не може да е до нив.
„Мојата најмила внука, мојата Магдалена, мојата убавица на својот принц му кажа да... Деца мои најмили, голема радост и возбуда, во исто време и тага што не сум таму со вас и многу ми недостасувате... Во посакувам огромна среќа и здравје во заедничката брачна заедница која мора да толерира и компромис... Уживајте и сакајте се... Колку сте вие среќни, ние уште повеќе. Честитки мили мои, ве сакам до небо“ - напиша гордата тетка Росана на својот Фејсбук профил и сподели неколку фотографии од запросувањето.