Класични, но шик: Стилот на македонските политичарки
Кога станува збор за дрес кодот на политичарите, неопходно е да се стави акцент на елеганцијата, која дополнително придонесува за поголема претставителност. Од друга страна, можноста за комбинации кај жените политичари е поголема токму поради изборот на дополнителни модни додатоци, кои може да бидат клучни за визуелниот изглед.
Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, преферира лежерна и софистицирана елеганција, а тоа го потврдува со стилот на своите јавни средби. Избира секогаш проверени комбинации.
Поранешната министерка за култура, а сега една од пратеничките од опозицијата која гласаше за отворање на уставните измени, Елизабета Канческа-Милевска е жена која секогаш внимава на својот изглед, а со оглед на стилот преферира сакоа. Таа има секогаш средена и фенирана фризура, и природен мејкап.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска е жена која негува едноставен, но модерен стил. Минималистичкиот пристап е нејзина јака страна, бидејќи министерката секогаш избира едноставни комбинации, а разбива монотонија со акцент на едно парче.
Царовска е претпознатлива по нејзината фризура во која доминираат шишките. Но има уште нешто кое никогаш не изостанува од ритуалите за убавина на министерката. Тоа е нејзиниот маникир, кој секогаш е во некоја нијанса на црвена боја.
Д.К.