Книга, па монодрама: 94-годишната Добрила од Дојран не запира - „Ова е само почеток“

Добивај вести на Viber

Жената која е вистински доказ дека годините се само бројка

Публиката пред пет години имаше можност да ја запознае Добрила Ивановска Чабриќ (94) во музичкото шоу „Никад није касно“.

Иако е најстарата ветеранка која досега се појавила во популарното шоу, има енергија на која можат да ѝ позавидат и нејзините млади колеги, пишува nova.rs.

Ветеранката призна дека подготвува нови потфати и многу изненадувања за својата публика, а својата животна приказна ќе ја претвори во автобиографска книга. 

- Подготвив книга во која ќе го опишам мојот досегашен живот, наскоро ќе излезе од печат и мислам дека публиката ќе биде воодушевена. Според мојата книга ќе биде направена монодрама, каде јас ќе ја играм главната улога, бидејќи пред се‘ сум актерка. Учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“, најмногу го опишав, ми остави најголем впечаток досега. Сигурно има детали кои никој до сега не ги знаел – вели таа.


Нејзин заштитен знак е младешката енергија со која зрачи и на 94 години, а неодамна доживеа и сообраќајна несреќа во која едвај остана жива.


- Скоро имав несреќа, автомобилот се преврте на покривот, едвај излегов, само воланот ми остана во раце. Но, еве, продолжувам понатаму, не се откажувам и сакам уште долго да живеам - изјави Добрила.


Фото и Видео: Youtube

Можеби ќе ве интересира:

Тие се - кралицата Елизабета и нашата Добрила: Еве како го прослави 94-тиот роденден, сите ѝ симнуват капа