Тие се - кралицата Елизабета и нашата Добрила: Еве како го прослави 94-тиот роденден, сите ѝ симнуват капа
фото:printscreen/приватна архива
Сигурно се сеќавате на дојранчанката Добрила - македонската супер бабичка на која сите ѝ симнуват капа!
Пејачката Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран, пред неколку години, односно на нејзини 90 години стана победник на ветераните во шоуто „Никогаш не е доцна“ во Белград. Тогаш го освои целиот регион со својот ведар дух, поради кој никој не ѝ веруваше дека има толку години.
Жената која е вистински доказ дека годините се само бројка, изминатиов месец го прослави својот 94-ти роденден.
Имено, нејзин голем обожавател од Скопје, Тони Димевски, кој е роден во ист ден со Добрила ѝ приредил изненадување и заедничка прослава за роденденот. Тони пак е татко на Дамјан Димевски кој моментално се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“, кој полека но сигурно го освојува Балканот со неговиот глас.
Добрила во една прилика изјави дека во животот секогаш ја гледала убавината и позитивната страна, и тоа ѝ давало сила.
„Пресреќна сум што имам поколение од својот син, што мојата крв оди понатаму. Затоа, имам сила да живеам, сакам да живеам и ќе им бидам пример на сите како треба да живеат “, изјави Чабриќ во една прилика.
Таа беше омилена меѓу жирито и публиката додека беше дел од шоуто „Никогаш не е доцна“.