Преплавена со емоции и солзи радосници: Актерот Двејн Џонсон ја изненади мајка си со нова куќа од соништата

Актерот Двејн Џонсон често знае да ја изненади својата мајка и останатите членови на семејството, пријателите, но и своите обожаватели.

Познатиот актер Двејн Џонсон, The Rock ја изненади својата мајка Ата со нов подарок, односно нова, реновирана куќа, а нејзината реакција ја објави на својот Инстаграм профил, која стана многу вирална.

Како што може да се види на видеото, Ата по влегувањето во новиот дом имала солзи во очите. Таа беше преплавена со емоции откако ја отвори големата влезна врата и виде дека „The Rock со тим дизајнери го средил сето тоа.


- Те сакам мамо, ова е изненадување за тебе. Кога бев мал, мразев кога мајка ми плачеше. Сега со задоволство ги гледам нејзините солзи радосници – напиша актерот во описот на објавеното видео.


- На мене и на мојот тим ни требаа осум недели да подготвиме нов дом. Се‘ што виде мајка ми кога влезе е сосема ново – додаде тој.

- Имав толку среќа што можев и порано да ѝ купам дом, но овој е посебен - заклучил актерот.


Инаку, познатиот Двејн често знае да ја изненади својата мајка и останатите членови на семејството, пријателите, но и своите обожаватели. Така неодамна, сакајќи да му се оддолжи на човекот кој како дете го примил како бездомно дете, му купил скап автомобил.

На својот долгогодишен пријател му приредил прекрасно изненадување и му купил автомобил од 30 илјади долари.


Фото и Видео: Инстаграм

Заслужуваш многу повеќе: Двејн Џонсон ѝ подари автомобил на мајка си