Заслужуваш многу повеќе: Двејн Џонсон ѝ подари автомобил на мајка си

Двејн Џонсон и подари автомобил Кадилак на мајка си.

Џонсон сподели видео на Инстаграм каде и го подарува автомобилот.

Ѕвездата ѝ ги покри очите на мајка му додека децата одбројуваа и на крајот извикаа „Среќен Божиќ“.

"Се чувствувам добро. За Божиќ ја изненадив мајка ми со нов автомобил. Таа беше шокирана и почна да плаче. Потоа беше среќна откако внуците и се придружија во автомобилот", напиша Џонсон.

Тој додаде дека е благодарен што може да направи вакво нешто за мајка која имала тежок живот. Ниту тој ниту таа веќе ништо не земаат здраво за готово.

Џонсон објави неколку фотографии на кои таа седи во автомобилот.

„Среќен Божиќ, мајко. Уживај! Те сакаме. Заслужуваш многу повеќе“, напиша Двејн.

View this post on Instagram

A post shared by therock (@therock)


Ова не е првпат да изненади на Божиќ. Тој и купил нова куќа пред три години.