Трудно дрво во скопско лекува неплодни жени: Се полни вода од чешмата и оваа работа треба да ја направат брачните двојки

Добивај вести на Viber

Секојдневно сме сведоци на приказни од жени кои имаат проблем со забременување, но откако ќе посетат место како црква или манастир за кое слушнале дека има наприродна моќ, некои од нив по краток период останувале бремени.

Една од приказните е „Чудото во скопско Бањани“.


На четириесетина минути оддалеченост од Скопје, на планината Скопска Црна Гора, се наоѓа манастирот „Света Богородица". Во дворот на манастирот се наоѓа дрвото кое наликува на трудна жена, а за кое приказната вели дека им помогнало да забременат на многу жени кои биле неплодни.

До таму се стигнува поминувајќи низ селата Бањани и Горњани, а потоа се продолжува кон рудникот „Бањани". Уште стотина метри погоре, ќе наидете до знакот на кој пишува дека до манастирот има уште триста метри.

Приказната за трудното дрво се случила пред неколку години, за кое, како што велат мештаните и домаќини на манастирот, им помагала на сите коишто посакуваат, а не можат да имаат деца. Во дворот на манастирот седеле тројца мажи, дедо Милош, овчарот и уште еден нивни пријател, кога се појавил човек од Скопје, кој се претставил како Илија. Тој им раскажал на присутните оти сонил дека токму во тој манастир се наоѓа бремена жена. Тројцата мажи се насмеале и му кажеле дека тоа не е можно, бидејќи во манастирот има само мажи. Но, сепак Илија бил упорен и тврдел дека на ова место има жена која е во блажена состојба. Тој започнал да бара и го нашол дрвото кое личи на стомак на трудница. На дедо Милош и на неговите пријатели не им се верувало во тоа што го гледаат, а дедо Милош вели дека никогаш порано не го забележал тоа дрво, ниту пак неговиот израсток.

Најпрво треба да се наполни вода од манастирската чешма, мажот и жената потоа треба да се помолат внатре во манастирот и да ја кажат молитвата, да ги замијат рацете со водата, потоа да се упатат кон дрвото и таму да го сторат истото. Од кај дрвото треба да си продолжат кон своите домови од друга страна, бидејќи не треба да се вратат повторно до манастирот штом еднаш отишле до дрвото.

Фото: Фејсбук