„Две гитари од Чачак за последно збогум со Бора Чорба“: Бројни обожаватели на комеморацијата за познатиот рокер

Добивај вести на Viber

Во Чачак, родниот град на Бора Ѓорѓевиќ се собраа голем број од оние кои сакаат да му оддадат последна почит.

Желбата на Бора Ѓорѓевиќ била да биде погребан во родниот Чачак. Желбата му се исполни, а во Чачак се одржа комеморативен собир на кој се собраа бројни почитувачи на неговото дело.

Во Центарот за култура доаѓаат пријатели и граѓани да се потпишат во книгата на жалост, а има и такви кои со години уживаат во музиката на Бора.

Меѓу нив е и професорот по музика Стојан Гузина.

„Тажен сум, многу ми е жал. Соработував со Бора. Со него замина и дел од моето тело и душа“, раскажува тој за Нова.рс.

На комеморативниот собир пристигнаа Мирослав Илиќ, Зоран Дашиќ Даша од групата „Легенди“, хармоникашот Миша Мијатовиќ, Милан Ѓурѓевиќ од „Неверних беба“.

Тука се и Жика Јелиќ и Дејан Петровиќ.

Бора Ѓорѓевиќ ќе биде погребан денеска во Чачак во 14 часот и 30 минути. 


Фото: Принтскрин
Извор: Nova.rs