КОГА ИСТЕКУВА РОКОТ НА МОЈАТА ВАКЦИНА: Долготрајноста на имунитетот е различна, една од вакцините најдолго штити

Добивај вести на Viber

За идејата за третата доза на вакцината против Ковид-19, започна да се зборува со појава на новите соеви на корона вирусот корона, како и по извештаите дека по втората доза од кинеската вакцина Синофарм, кај дел од популацијата не се создале антитела. Во светот засега има само малку податоци тоа колку долго штитат вакцините, но сепак голем број клинички истражувања се во тек и тие во наредниот период треба да дадат одговор на прашањето за долготрајноста на имунитетот по вакцинирањето.

Досегашни податоци:

Синофарм

Проценките сугерираат дека две дози на Синофарм даваат имунитет за четири до шест месеци, иако кај некои луѓе е пронајдена доволна количина на заштитни антитела осум месеци по втората доза.

Во Абу Даби, неодамна беше направено опсежно истражување за вакцината „Синофарм“, бидејќи Обединетите Арапски Емирати се земјата во која поголемиот дел од населението е вакцинирано со кинеската вакцина. Ова е првата земја што започна да ја користи и третата доза кај луѓе кои немаат антитела по две вакцини.

Иако кинеската вакцина Синофарм побавно го создава имунитетот против корона вирусот,  според научницие од Кембриџ и Оксфорд, таа сепак е најотпорна на мутации на вирусот, бидејќи ја содржи целата вирусна честичка.

Фајзер

Иако според истражувањата, вакцината на Фајзер е претставена како најефикасна, извршниот директор на компанијата, Алберт Бурла, сепак изјави дека на луѓето најверојатно ќе им биде потребна и трета доза.

Детали читајте на Фактор тука.