Кога ја запознал, била самохрана мајка, нејзината ќерка ја одгледал како негова и вели дека никогаш не би изневерил жена: Капа доле за најдобриот сопруг во Холивуд

Добивај вести на Viber

Тој е инспиративен со своите улоги, но и со својот животен стил, поради вредностите што ги држи и титулата најдобар сопруг меѓу познатите мажи во Холивуд.

Мет Дејмон (54) е во брак со Лусијана Баросо од 2005 година. Нивната брачна идила не ја наруши ниту еден скандал, што не е лесно со оглед на неговата кариера и медиумското внимание кое ги следи.

А, Мет Дејмон секогаш е на мета на папараците кои пред неколку дена  го сретнаа кога со сопругата и ќерките Гиа и Изабела отиде во познат ресторан. Иако многумина мислат дека е невозможно да се има хармоничен брак во Холивуд, актерот и неговата партнерка се доказ дека тоа сепак е можна мисија. 

Мет Дејмон, кој го предупреди Бен Афлек за врската со Џенифер Лопез, е еден од ретките актери кои најчесто се појавуваат во јавноста поради својата работа, па затоа е исклучок од холивудската практика. Работата му донесе и запознавање со Баросо.

Тој ја запознал својата сопруга Лусијана во кафуле во Мајами додека Дејмон работел на комедијата „Stuck On You“. „Не знам како инаку ќе ни се вкрстеа патиштата доколку тоа не се случеше, да не се случеа сите тие работи“, изјави актерот и режисер во 2011 година во шоуто на Елен Деџенерис, пишува thethings.com. 

Тој филм требаше да се снима на Хаваи, но режисерите сепак решија да се снима во Мајами. За среќа на познатиот пар. „Потоа една вечер, среде снимањето, неколку момци од екипата рекоа: „Еј, ајде да одиме да се напиеме нешто“. Јас реков: „Не, не сум за тоа“, и тие некако ме убедија “, откри тој. Отишле во кафулето каде Лусијана работела како шанкерка.

„Буквално ја забележав во преполна соба“, се сеќава Дејмон, додека Лусијана, зборувајќи за „Вог“, имаше малку поинаква верзија за таа средба: „Мет вели дека ме видел од другата страна на собата и дека имало светло на мене. И велам: „Да, тоа беше ноќен клуб, имаше светла насекаде“. 

Луѓето го препознаа, му бараа автограм и да се фотографираат со него, ситуацијата стана некако агресивна бидејќи луѓето пиеја, па дојде и се сокри зад мојот шанк... „Те видов и многу сакав да разговарам со тебе. Ми рече тој“, рече таа. 

Лусијана му рекла дека доколку се врати во барот таа вечер, ќе мора да и помогне во работата. „Години пред тоа тренираше да биде шанкер, па почна да прави пијалаци. И ни заработи огромен бакшиш таа вечер“, рече таа и продолжи: „Дефинитивно се поврзавме веднаш, беше толку лесен за разговор. Се чувствувавме многу пријатно, а кон крајот на вечерта ме замоли да излеземе со неговите пријатели. Но, реков: „Не можам, имам четиригодишна ќерка“.

За жал, има мажи на кои оваа реченица би им била пречка за врска, но Дејмон покажал дека не е како другите. 

Лусијана била самохрана мајка, а Дејмон ѝ рекол: „Сакам што си мајка и тоа е твој приоритет“. Неговиот гест таа го коментираше вака: „Некои мажи можеби беа поинакви, можеби мислеа дека е комплицирано, но не беше за него“. Нејзината ќерка Алексија Баросо (24) ја одгледал како свое дете. Со сопругата има три ќерки Изабела (18), Џија (15) и Стела (13).


Бракот со Лусијана Баросо, жена надвор од светот на шоу-бизнисот, му даде шанса да го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста. Тој не дава причина да се пишува негативно за својот брак, бидејќи не прави ништо за да биде „интересен“ на тој начин.

Тој беше категоричен: „Не долевам масло на огнот, не ја изневерувам сопругата, нема зошто лошо да се зборува. А ако новинарите ме следеа, ќе ја добијат истата приказна, приказна за еден средовечен оженет маж со четири деца. Се‘ додека не им подготвам нешто ново, медиумите нема да покажат интерес за мене“.


Фото и Видео: Youtube - screenshoot